Дана Вајт во жестока дебата за платите на борците (ВИДЕО)

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, учествуваше во многу жешка дебата на ЕСПН за хонорарите на борците.

Оваа тема стана доста жешка последниве години. Многу sвезди на УФЦ сметаат дека земаат многу малку и всушност се далеку од платите на големите имиња во боксот. Со текот на годините, Вајт рече дека неговите борци земаат многу повеќе пари отколку што се најавувало.

Сепак, неодамна, шампионите Џон Џонс и Хорхе Масвидал покренаа нов бран на незадоволство.

За време на емитувањето на ESPN First Take, Дана Вајт воопшто не ги сакаше темите за праведност на договорите во УФЦ и Синдикатот на борците.

„Дали некој  чувствувате дека заработувате доволно пари?“, праша Вајт. „Никој не размислува така. Ако зборуваме за договори, кои се стари и склучени пред три години – добро, можеме да седнеме и да преговараме за нив. Но, ова е за договори потпишани пред помалку од една година. Пред неколку месеци”.

Неговиот соговорник од другата страна, поранешниот спортист во НФЛ, Доминик Фоксворт, се спротивстави:

„Фактот дека ги потпишале договорите не значи дека тие имаа предност во преговорите. Фактот што ги потпишаа не значи дека овие договори се фер“.

Неодамна, Џон Џонс се пожали дека УФЦ го ограбувле со години и се повлече од спортот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON