Претседателот на најголемата светска организација за ММА, Дана Вајт, верува дека шампионот во тешка категорија Френсис Нгану ќе потпише нов договор со УФЦ.
Имено, Камерунецот моментално е во тензични односи со раководството на промоцијата, бидејќи во новиот договор, освен поголема плата, сака да добие и можност да боксира.
Нгану заработи 600.000 долари за неговата последна борба во која го победи Сирил Гане и за прв пат ја одбрани титулата во УФЦ.
Во последно време честопати кажува дека не е доволно ценет во УФЦ.
Борбата против Гане беше негова последна според договорот кој автоматски беше продолжен на година или две.
Нгану го повреди коленото во пресрет на последниот меч и моментално се опоравува, но се уште не е познато дали ќе оди на операција како што најави.
Шампионот во тешка категорија наскоро треба да се сретне со Дана Вајт и да се обиде да договори продолжување на соработката.
Покрај поголема плата, Предаторот сака и можност да боксира против Тајсон Фјури или Динтеј Вајлдер.
„Беше во Камерун и посетуваше семејства, сега треба да се сретнеме. Се надевам дека ќе се сретнам во следните неколку недели“, рече Дана Вајт.
Шефот на УФЦ не сака да го види Нгану како се чекори во боксот и се надева дека ќе го убеди да потпише нов договор.
„Единствениот што не сакаше да потпише со нас беше Федор Емелијаненко“, рече Дејна Вајт и додаде:
„Но, верувам дека можеме да се договориме со Френсис, барем така се надевам“.