Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, официјално објави дека актуелниот шампион во полусредна категорија, Тајрон Вудли, за прва пат ќе ја брани титулата против Стефен Томсон.
Обајвувањето на противникот на Вудли e изненадување, имајќи предвид дека тој сакаше да се сретне со кој било од супер-ѕвездите на УФЦ: Жорж Сент Пјер или Ник Дијаз, но очигледно од УФЦ не успеале да ги убедат да се вратат на меч против шампионот во полусредна категорија.