Дана Вајт: Средбата со Хабиб ќе трае 5 минути

Дана Вајт откри дека средбата меѓу него и Хабиб Нурмагомедов ќе трае само 5 минути. Тие ќе се сретнат во наредните денови и ќе ја разјаснат иднината на Нурмагомедов во ММА.

Кон крајот на минатата година, Орелот ја одбрани титулата со победа над Џастин Гејџи и постави рекорд од 29-0 во ММА. По мечот, Хабиб објави дека се повлекува од ММА и дека никогаш повеќе нема да се бори во УФЦ.

Дана Вајт е уверен дека Хабиб ќе продолжи да се бори, барем уште еднаш, а тоа беше причината зошто не му ја одзедоа титулата и го оставија на ранг-листата на организацијата. Иднината на големата ѕвезда не е јасна, но Дана ќе му даде 5 минути на Хабиб да прифати или да замине.

„Ќе се сретнам со него затоа што мислам дека треба повторно да се бори. Тоа ќе биде разговор што ќе трае 5 минути. Тој ќе мора да каже да или не. Кога го напуштив Абу Даби, Хабиб и јас си пишавме и му ги кажав причините поради кои сметам дека треба да се бори.

Тој беше емотивен по борбата со Џастин Гејџи. Имаше време да се одмори и да размисли. Нашата средба ќе трае 5 минути. Мислам дека ќе се бори, но ќе видиме. Нема да има расправии и долги разговори. Тој ќе мора да каже кратко и јасно – да или не“, рече Вајт.

Во ова видео Хабиб покажува како течат преговорите со Дана Вајт:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО