Дана Вајт: Средбата Конор Мек Грегор – Хабиб Нурмагомедов е преголема борба за Русија

Веќе подолго време се шпекулира за борба меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов во Русија. Впрочем, и самиот Мек Грегор изрази желба да се претвори во Роки Балбоа и да отиде во Русија, за да бори против непоразениот Хабиб. УФЦ оди во Русија во септември, но Нурмагомедов нема да се бори на овој настан, а и претседателот на УФЦ, Дана Вајт, нема интерес двајцата да се сретнат во Русија, бидејќи битката е премногу голема за таму:

„Не, битката меѓу нив двајцата нема да се случи во Русија. Ако оваа борба се организира, тоа треба да биде во Лас Вегас. По некое време Хабиб ќе се бори во Русија, но тоа нема да биде против Конор Мек Грегор. Оваа средба е премногу голема и мора да се случи во Лас Вегас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON