Дана Вајт: Средбата Чимаев-Ковингтон на УФЦ 285

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, потврди дека има намера да организира борба меѓу Хамзат Чимаев и поранешниот привремен шампион Колби Ковингтон.

Тие ќе сги одмерат силите во март 2023 година. Вајт сака тие да бидат коглавен настан во трилогијата меѓу Камару Усман и Леон Едвардс. Неодамна беше откриено дека УФЦ сака оваа трилогија да се случи на УФЦ 285, кој треба да се одржи во Лондон на 18 март.

„Хамзат Чимаев сака да се бори во полусредна категорија. Ќе му дадам уште една шанса да се обиде да влезе во категоријата. Би сакал да го видам да се бори со Колби Ковингтон во Лондон. Ќе се погрижам за тоа“, ја пренесува БЏ Пен изјавата на Вајт.

Во последниве години стана практика УФЦ да ги запишува големите борби со резерви или други борци од картата на настанот. Желбата на УФЦ за борба меѓу Чимаев и Ковингтон покажува дека тие би можеле да користат кој било од нив доколку Едвардс или Усман се пензионираат.

Непотребно е да се каже дека борбата помеѓу Чимаев и Ковингтон ќе произведе неприкосновен кандидат за титулата.

Чимаев има 12-0 во ММА и има 2 борби оваа година. Во април го победи Жилберт Барнс, а потоа и Кевин Холанд во септември. Чимаев има завршено 11 борби и има 5 бонуси во УФЦ.

Ковингтон има скор од 17-3 во ММА. Во последната борба во март го победи Хорхе Масвидал. Колби загуби само од Камару Усман во неговите последни 11 борби во УФЦ. Ковингтон заврши 8 од неговите мечеви, а два пати беше завршен.

Чимаев покажа дека има проблеми со кардиото, што е силата на Ковингтон. Хамзат има само 1 борба која траела 3 рунди. Тоа е средбата со Барнс на која Хамзат не импресионираше. Од друга страна, Колби има поминато повеќе од 20 минути во неговите последни 6 УФЦ борби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON