Претседателот на УФЦ, Дана Вајт му даде ултиматум на Стипе Миочиќ (САД). Шампионот во тешка категорија продолжува да ја лекува повредата на очите и сè уште не е јасно кога ќе се врати во октагонот.
„Сега сè е едноставно. Стипе Миочиќ е повреден“, потврди Дана Вајт и рече: „Кога ќе закрепне, ќе има трета борба со Даниел Коример. Ако не се согласи на таа средба, тогаш Кормиер ја завршува кариерата. Се надевам дека тоа нема да се случи. Му предложив на Кормиер други опции за противници, за да не се откаже. Тој го сака Стипе Миочиќ. Ако Стипе не ја брани титулата во 2020 година, тогаш ќе организираме борба за шампионскиот појас. Се надевам дека Стипе ќе се опорави до август 2020 година“.