Френсис Нгану најверојатно ќе ја брани титулата против Дерик Луис.
Откако Нгану го освои појасот на УФЦ во тешка категорија со нокаут над Стипе Миочиќ, очекувавме да го видиме да се бори со Џон Џонс.
Сепак, според Дана Вајт, Луис ќе има реванш со Нгану.
„Веројатно следен противник на Нгану ќе биде„ Црниот ѕвер““, рече Вајт. „Тоа ќе биде битката и ќе ја направиме сега.
Дерик Луис е борец во тешка категорија и заслужи шампионска борба. Тој има победа над него, па ова е борбата“.
Но, Нгану и Џонс сакаа да се борат меѓусебе. Сепак, огромната сума што ја побараа „Коски“ се покажа како пречка.
Луис во моментов е во серија од неколку победи, вклучително и бруталниот нокаут над Картис Блејдс. Тој и Нгану имаа многу разочарувачки меч на УФЦ 226, кога не реализираа речиси никакви удари.
Пред можниот реванш, Вајт се надева дека нивната втора битка ќе биде доста поразлична од првата.
„Нивната прва средба не помина како што многумина очекуваа. Но, не може да биде толку лошо двапати, нели“?