Дана Вајт: Се надевам дека ќе го вратиме Конор Мек Грегор пред летото!

Ќе ја брани ли Конор Мек Грегор титулата во лесна категорија пред идното лето?

Откако направи баснословни пари од боксерскиот дуел со Флојд Мејведер, Ирецот, кој ја освои титулата победувајќи го Еди Алварез во ноември минатата година одлучи да се повлече, бидејќи богатите луѓе не треба да работат. Особено кога работата вклучува борба.

Претседателот Дана Вајт за ваквата состојба вели:

„Се надеваме дека ќе успееме да го вратиме во текот на летото. Победникот од средбата меѓу Барбоза и Хабиб веројатно ќе се сретне со Тони Фергусон, за да си овозможи борба против Конор Мек Грегор“.

Мек Грегор требаше да учествува на УФЦ 219, но направи инцидент  на Белатор 187 и беше отстранет од фајт картата на настанот.

Носителот на привремената титула, Тони Фергусон, ќе следи интересна средба меѓу Нурмагомедов и Барбоза, која ќе се одржи на 30 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON