Дана Вајт, шефот на УФЦ, не планира наскоро да ја заврши кариерата и да ја напушти организацијата што ја води повеќе од 20 години.
Меѓутоа, ако некогаш одлучи да се пензионира, тој верува дека УФЦ значително ќе се промени. Дана е претседател на организацијата УФЦ од 2001 година, кога тој и браќата Фертита го купија брендот за 2 милиони долари. Вајт не планира да се пензионира наскоро, како што рече во „Раш“ со Макс Крозби.
Запрашан дали планира да се пензионира, тој рече:
„Не ни размислувам за пензионирање. Се чувствувам како повторно да имам 25 години. Ако продолжам да се чувствувам здраво како што сум сега, не гледам време кога нема да сакам да продолжам да работам. Мислам дека ќе помине долго време пред да заминам.
За сите оние кои се надеваат дека наскоро ќе исчезнам – нема. Вистината е дека кога ќе заминам УФЦ ќе биде поинаков. Организациската култура и многу други работи ќе се променат“, рече Вајт.
Во 2016 година УФЦ беше продаден за 4 милијарди долари, а вредноста на акциите на Вајт во тоа време беше проценета на 360 милиони долари. По продажбата на брендот, Дана остана претседател на компанијата и управува со неа до ден-денес. Браќата Фертита ја напуштија компанијата.
View this post on Instagram