Дана Вајт сака Конор Мек Грегор да направи 2 или 3 борби во 2021 година. Во последните неколку години, „Озлогласениот“ заработи многу пари за да си го обезбеди животот и не е многу активен во октагонот. Конор има само две ММА борби за четири години. Загуби од Хабиб Нурмагомедов, а потоа го победи Доналд Цероне.
Поранешниот двоен шампион минатата година се скара со Дана Вајт и најави повлекување од ММА. Сепак, ова траеше само неколку месеци. Конор се врати и на крајот на месецот ќе се бори против Дастин Пориер во главната борба на УФЦ 257 во Абу Даби.
Победникот на мечот ќе добие шанса за титулата, а Вајт се надева дека тоа ќе биде Мек Грегор.
„Мек Грегор и јас се скаравме минатата година. Навистина бев лут. Не стануваше збор за пораките што ги објави на социјалните мрежи. Потоа разговаравме за Диего Санчез, а јас имам почит кон него. Бев многу лут поради тоа. Разговаравме лице в лице со Диего за ситуацијата.
И двајцата се сложувавме, но бев многу лут на Мек Грегор. И двајцата разговаравме и се подобривме. Се согласувам со сите кога станува збор за бизнис. Тито Ортиз се бореше со нас со години и се мразевме. Сега Мек Грегор и јас се согласуваме. Лесната категорија е полна со тешки борци.
Ќе се сретнам со Хабиб за да видам што ќе се случи. Треба да видиме дали ќе се повлече или ќе оди на 30-0 во кафезот. Имаме категорија полна со борци што чекаат. Во еден перфкетен свет, Конор ќе се бори 2-3 пати оваа година. Една од битките ќе биде за титулата“, рече Дана за односот меѓу него и големата ѕвезда.
https://www.youtube.com/watch?v=0ffgq0b3jlA&feature=emb_logo