Дастин Пориер: Го победувам Мек Грегор во 10 од 10 крвави борби

Поранешниот привремен шампион во лесна категорија Дастин Пориеr сака крвава битка со Конор Мек Грегор. Tie по втор пат ќе го споделат кафезот на УФЦ кон крајот на месецот. Ќе се борат во главаната борба на УФЦ 257 во Абу Даби на островот Јас.

„Дијамантот“ ќе се обиде да му се реваншира на Мек Грегор кој го нокаутираше пред неколку години во нивната прва борба. Овој пат влоговите се поголеми, затоа што победникот ќе добие шанса за титулата во категоријата.

Дастин порасна голем борец откако загуби од Конор и учествуваше во многу крвави битки. Токму тоа го сака против „Озлогласениот“, затоа што верува дека тоа може да му го скрши духот.

Конор верува дека може да победи со нокаут за 60 секунди, но Пориер планира да задава силни крошеа и да пролее крв.

„Во првата битка дури и не започнавме да се бориме. Се случува. Сакам двајцата да искрвариме до смрт во втората битка. Сакам и двајцата да почнеме да се удираме и да нанесуваме штета.

Тогаш ќе стане јасно кој е подобар како борец. Сакам да бидам облеан во крв, да го направам тежок мечот, за да знаеме точно кој е подобар. Не велам дека сакам да ме тепаат.

Како и да е, ако дојдеме до точка да сме и уморни и облеани во крв, тогаш ќе видиме кој има посилен дух и кој сака повеќе да победи. Мислам дека во таква битка ќе го поразам Конор во 10 од 10 битки“, рече Пориер пред исклучително важниот меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО