Дана Вајт: Ронда Русеј е поголема ѕвезда од Мек Грегор

Ronda rusej

Иако го збеснува Конор Мек Грегор при секој настап во октагонот, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, е категоричен дека најголемата ѕвезда на организацијата останува Ронда Русеј.

Еве зошто:

„Досега Конор не се доближил до славата на Ронда Русеј. Таа е толку голема ѕвезда. Кога одиш да се бориш во Бразил, никој таму не го интересира кој си. Тие сакаат Бразилецот што се бори против тебе да ти го наплеска задникот. Кога Ронда беше таму, тие навиваа за неа и го игнорираа нивниот борец. Никогаш не сум видел такво нешто во животот и најверојатно нема да го видам повторно. Толку е голема Ронда“.

Изјавата на Вајт помалку е изненадувачка, особено откако последните два дуели на Мек Грегор постави нови рекорди во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON