Директорот на УФЦ, Дана Вајт, во целост зборуваше за реваншот со Хабиб Нурмагомедов, кој беше запрашан од новинарите на прес-конференцијата на УФЦ 246 за следниот дуел на Конор Мек Грегор. И покрај фактот дека навивачите повеќе очекуваа да зборува за иден меч со Хорхе Масвидал, Се чинеше дека Вајт е заинтересиран само да го промовира реваншот со Орелот.
„Масвидал е интересен, но секогаш има некои интересни и славни луѓе кои сакаат да се борат со Мек Грегор. Има најмногу смисла да се направи реванш со Хабиб, затоа што тоа ќе биде добро и за него. Масвидал нема титула, и покрај тоа што Конор го сака неговиот појас за „најлошото копиле“, тоа не е светска титула. Исто така, би сакал да ја видам битката Масвидал – Конор, но морам да ја направам онаа што има најмногу смисла.
Конор – Хабиб ќе биде најголемата борбаа во историјата на спортот и ќе ги собори сите рекорди. Може да се организира во којабило од најпознатите арени, треба да процениме кои ќе бидат најдобри. За двајцата борци оваа борба ќе биде од големо значење за нивната историја во ММА. Да не заборавиме дека Конор пред првиот меч имаше многу проблеми во неговиот личен живот и со повредите, така што не беше за 100 отсто подготвен“, рече Вајт.