Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ги налути навивачите кои сакаа да видат трет меч меѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз.
Последната нивна средба се претвори во одлично спектакл, кој мму припадна на Ирецот со судиска одлука. Тоа беше реванш меч.
„Вториот меч меѓу нив беше многу возбудлив, го направивме затоа што сакаа повторно да се борат. Но, тие не се во иста категорија. Таква средба нема смисла. Во неа не се во прашање титули и не влијае на ранглистата. Конор има два пата пред себе. Едниот е да ја брани титула или да ја ослободи. Нејт вели дека нема да се бори со никој друг освен со Конор. Па, штом се умори да седи и да чека, можеби ќе има желба да се бори“, вели Вајт.
https://youtu.be/lYsmS3Ji6og