Дана Вајт најавува нов спектакл: Фергусон или реванш со Мек Грегор?!

Хабиб Нурмагомедов на импресивен начин ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ, го совлада Дастин Пориер во третата рунда со завршница, давење од позади.

По победата, првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, зборуваше за следниот можен противник на Хабиб, а според фановите тоа најверојатно ќе биде Тони Фергусон.

Сепак, Вајт не ја отфрли можноста за голем реванш против Конор Мек Грегор.

„Тони Фергусон ќе ја добие следната борба за појас, но доколку не сака или не може да прифати таков меч, тогаш ќе решиме кој ќе биде следен противник на Хабиб. Конор Мек Грегор ја сака таа борба и сигурен сум дека и фановите сакаат да го видат тоа. Па, останува да видиме што ќе се случи“, порача Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON