Дана Вајт најави и четврти меч меѓу Мек Грегор и Пориер: Ќе има уште еден реванш

Конор Мек Грегор беше сериозно повреден на крајот од првата рунда во главната борба на УФЦ 264 во Лас Вегас и му го предаде мечот на Дастин Пориер. Ирската ММА ѕвезда веднаш беше пренесена во болница, а за тежината на повредата ќе се знае само по операцијата на левиот глужд.

Американскиот борец на тој начин стигна до втората победа по ред против Мек Грегор и сега води со 2-1 во меѓусебните пресметки.

Но, шефот на УФЦ, Дана Вајт, веќе изгледа дека има сложен план. Имено, претседателот на најсилната светска ММА организација ја најави четвртата борба меѓу Конор и Дастин, бидејќи смета дека со тоа би биле соборени сите рекорди.

„Скршениците на нозете се ужасни и брутални, не сакате да видите како борбата завршува така. Дастин сега се бори за титулата, а кога Конор ќе се опорави, претпоставувам дека ќе направиме уште еден реванш“, изјави Дана Вајт и продолжи:

„Таа борба не е завршена. Не можеме да дозволиме таков крај. Кој знае колку  треба време Конор да закрепне. Но, затоа Дастин ќе биде во акција се додека Конор не е подготвен“.

Вајт уште еднаш потврди дека Пориер сега се соочува со борба за титулата во лесна категорија на УФЦ против Чарлс Оливеира. Мечот би можел да биде договорен за наесен.

Првиот човек на УФЦ истакна дека Мек Грегор на крајот не требало да и дофрлува грди работи на сопругата на Пориер:

„Требаше да го остави семејството на мира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON