Дана Вајт: Му предложив борба на Хабиб во септември

Дана Вајт продолжува да му се додворува на Хабиб Нурмагомедов и сака да го врати во кафезот. Орелот го објави своето пензионирање во октомври 2020 година по победата над Xастин Гејџi. Тогаш непоразениот шампион го победи и ja запиша 29-тата победа во ММА, без пораз.

Хабиб помина низ многу тежок тренинг камп, а имаше неколку тешки моменти во неговиот живот откако почина татко му. Многу пати Хабиб рече дека повеќе нема да се бори, но се случи и да се предомисли во едно интервју.

Претседателот на УФЦ дава сè од себе, а минатиот викенд тој и Хабиб го гледаа УФЦ 259 во Лас Вегас. Дана рече дека му понудила борба на Хабиб во септември, а тој одговорил со насмевка.

„Му предложив на Хабиб да се бори во септември. Се насмевна. Тоа беше единственото нешто што го стори. Ќе одиме заедно на вечера“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON