Англискиот борец Том Аспинал неодамна го победи Сергеј Павлович со нокаут и го освои привремениот појас на УФЦ во тешка категорија.
Аспинал по победата побара на шампионот Џон Џонс кој се опоравува од повредата да му биде одземен појасот, а потоа за титулата би се борел со Стипе Миочиќ.
Првиот човек на најголемата светска ММА организација Дана Вајт во последното интервју за ТНТ Спортс изјави дека нема намера да му ја одземе титулата на Боунс.
„Џонс го задржува шампионскиот појас, тој е најголемиот ММА борец на сите времиња“, изјави Дана Вајт, а потоа изјави за Аспинал:
„Сè уште си млад. Некое време отстутен поради повреда, ќе добиеш шанса, сега чекај. Борбата меѓу Џонс и Миочиќ мора да се случи, а ќе добиеш уште еден противник“.
Претседателот на УФЦ ја отфрли секоја можност Аспинал да се бори со Миочиќ.
„Тоа нема да се случи. Стипе му даде многу на спортот и сега е во таа фаза од кариерата кога сака само да се бори со Џонс. Најдобриот тешкаш на сите времиња против најдобриот ММА борец во историјата. Миочиќ го сака тој меч, тоа е борба за огромно наследство. И двајцата ја посакуваат таа борба“, подвлече Дана Вајт.
Миочиќ и Џонс требаше да се борат на УФЦ 295 во ноември, но Боунс се повреди и го откажа мечот.