Скандалозното однесување на Дaна Вајт и неговата сопруга се уште одекнува со коментари и објаснувања.
Самиот Вајт изјави дека целата сага била особено тешка за децата, бидејќи тие не биле навикнати да го гледаат во такво светло.
„Го завршивме семејниот одмор и отидовме дома и, да, добро сме. Сè уште не сме ја испеглале сосема нашата врска. Очигледно разговараме со децата за инцидентот. Сигурен сум дека тоа ги збунува.
Верувале или не, ова никогаш порано не се случило. Тоа никогаш порано не се случило, па очигледно за моите деца тоа е голема работа“, рече Вајт.
Во медиумите приказната се преврте на почетокот на јануари откако се дозна дека за време на новогодишната прослава во еден од ноќните клубови во Мексико, Дaна Вајт се степал со неговата сопруга Ен.
Кога Дaна се наведнал да и каже нешто на сопругата, таа наводно му удрила шлаканица. Вајт веднаш и удри шлаканица на грбот. Бидејќи и двајцата биле во алкохолизирана состојба.