Дана Вајт повторно зборуваше многу љубезно со својот миленик Конор Мек Грегор. Со текот на годините, „Озлогласениот“ собории многу рекорди во УФЦ и ги продаде најмногу платени гледања, пополнејќи ја касата на организацијата. Мек Грегор во и сто време успеа да стане првиот шампион во УФЦ во две различни категории.
Претседателот на УФЦ смета дека поранешниот двоен шампион е прва глобална ѕвезда во историјата на организацијата. Да, имаше неколку големи sвезди во УФЦ, но тие не ја достигнаа славата што ја има Ирецот. Вајт смета дека Мек Грегор е многу поголема ѕвезда од Андерсон Силва, Сент Пјер, Џон Џонс и Ронда Раузи. Конор го направи УФЦ познат во целиот свет и затоа Вајт го смета за најголема ѕвезда што некогаш ја имале.
„Борците кои стануваат големи sвезди во УФЦ стануваат наши партнери. Така работиме во УФЦ. Тие стануваат партнери во платените гледања и ги продаваат, и така сите заработуваме. Од Чак Лидл до Андерсон Силва, Сент Пјер, Џон Џонс и Ронда Руази. Сите ни дадоа различни нешта. Жорж го разви нашиот пазар во Канада. Андерсон Силва во Бразил.
Ронда го привлече вниманието на жените кои тешко дека некогаш ќе ја гледаа ММА. Разликата помеѓу горенаведеното и Конор Мек Грегор е во тоа што Конор нè разви на глобално ниво. Сите го сакаа Мек Грегор и отвори територии кои порано не беа заинтересирани за нас. Можеби имавме неколку обожаватели на некои места, но тој ги запали државите. Тој е првиот борец што стана глобална ѕвезда“, рече Вајт.
https://www.instagram.com/p/B_hvC7-pt5Z/?utm_source=ig_embed