Конор Мек Грегор по трет пат ќе се бори против Дастин Пориер, потврди претседателот на УФЦ, Дана Вајт, откако неодамна ирската ѕвезда ја „откажа“ борбата со „Дајмонд“ преку социјалните мрежи.
„Борбата отпаѓа. Ќе се борам со некој друг. Среќно со вашиот стар договор“, рече Мек Грегор неодамна, навредувајќи го Пориер, кој го повика на претходната објава дека не го исполнил ветувањето што му го даде во јануари пред нивниот дуел дека ќе донира половина милион долари на Фондацијата за „Добра борба“ на Дастин
Ирецот жестоко возврати и објасни дека никогаш не донира пари ако не знае за што ќе бидат потрошени.
Но, тоа не е баш случај, како што потврди Дана Вајт во својот последен пост.
Шефот на УФЦ во видео порака на својот Инстаграм рече дека е среќен што борбите конечно се враќаат во Лас Вегас.
„Ова лето во Лас Вегас повторно ќе биде спектакуларно и можам да потврдам дека настанот УФЦ 264 ќе се одржи во полна сала. Ќе има 20.000 фанови во Т-Мобиле арената“ – рече Дана Вајт и додаде:
„Настанот ќе го предводи третата борба меѓу Дастин Пориее и Конор Мек Грегор“.
Нивната трилогија ќе го предводи настанот УФЦ закажан за 10 јули во Лас Вегас.
Дијамантот го совлада Озлогласениот со нокаут во втората рунда на 24 јануари и ну врати за поразот во септември 2014 година.