Дана Вајт: Конор Мек Грегор сака реванш со Хабиб, па може да отиде во Абу Даби

Поранешниот двоен шампион Конор Мек Грегор очајно сака реванш со Хабиб нурмагомеодв, но, за жал, не го добива. Од УФЦ му дадоа шанса на Дастин Пориер кој е привремен шампион во лесна категорија и ќе се бори против неприкосновениот шампион Нурмагомедов во главната борба на УФЦ 242 на 7 септември во Абу Даби.

Орелот стана уште попознат откако ја одбрани титулата со победа над Конор Мек Грегор во октомври минатата година и успеа да направи нов договор со УФЦ кој е меѓу најдобрите во организацијата. Озлогласениот гори од желба за реванш и претседателот на организацијата Дана Вајт верува дека Мек Грегор може да отиде во Абу Даби, за да го гледа во живо мечот меѓу Хабиб и Пориер.

„Во Абу Даби има многу муслимани, но не мислам дека тоа ќе биде проблем. Мислам дека им се допаѓа Конор Мек Грегор во овој регион. Свесен сум дека преземаат некои од работите што ги кажува. Хабиб ја доби битката и мислам дека сè друго е треш. Не им се допаѓа, но сето тоа е дел од бизнисот. За мене, Мек Грегор нема проблем да присуствува на настанот во Абу Даби. Може да дојде.

 Не велам дека ќе го направи тоа, но веројатно ќе се појави за оваа борба. Не ми кажа ништо и не можам да кажам со сигурност. Ништо не се сменило од последната средба со него. Мек Грегор сака реванш и ќе видиме што ќе се случи по септември.

Мек Гргеор не се борел по поразот од Хабиб, но многу луѓе веруваат дека тој ќе се бори уште оваа година. Неговиот тренер Џон Каванаг изјави дека мотивацијата и жарот повторно се тлеат и неговиот борец дава сè од себе во салата. Моментално се опоравува од операцијата на раката и не е јасно што крие иднината за него“, рече Вајт.

https://www.instagram.com/p/BzF8I4pI9MJ/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON