Дана Вајт ја потврди идната борба на Ник Дијаз

Дана Вајт конечно ја потврди идната борба Ника Дијаз. Уште во средината на ноември се зборуваше за враќањето на популарниот борец од Стоктон, противникот спрема повеќето извори беше Хорхе Масвидал, а датумот и локацијата – 2 март кога во Лас Вегас се одржува УФЦ 235. Сега тие информации официјално се потврдени од страна на претседателот на промоцијата.

„Некој ми спомена дека не го објавивме тоа? Колку што знам, таа борба е договорена. Тука сум од вторник … Само ако нешто не се променило во меѓувреме. Што е многу можно“, рече Вајт на дружењето со новинарите на УФЦ 231 што се одржа во Торонто.

Претседателот на УФЦ потврди и дека во моментов ништо не е договорено за помладиот брат на Ник, Нејт.

Што се однесува до постариот Дијаз, него во октагонот не сме го гледале речиси четири години. Поконкретно, од 31 јануари 2015 година, кога се бореше со Андерсон Силва во мечот кој прво го изгуби со одлука, за потоа истата, откако двајцата паднаа на допинг тестирањето (Дијаз поради марихуана, Силва поради стероиди), беше прогласен за „не одлучен“.

Масвидал последен пат беше во кафезот пред една година, кога на УФЦ 217 е поразен од Стивен Томпсон.

https://www.instagram.com/p/BrK1EUonRwc/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON