Откако Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор продолжуваат да дискутираат за можноста да се сретнат на боксерскиот ринг, но во целата работа се замеша уште една боксерска легенда која му предложи меч на ирскиот ММА борец.
Тоа е Филипинецот Мани Пакијао, кој рече дека ако Флојд не сака да боксира со „Ноториус“, тој е подготвен да го направи тоа.
Неговиот промотор Боб Арум исто така рече дека е подготвен да започне слични преговори и да се отворат работите.
Сепак, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, посочи дека во оваа фаза сличен дуел нема начин да се одржи, бидејќи токму Боб Арум е главната причина за тоа.
„Слушнете, го сакам Мани Пакијао. Но не ми се допаѓа Боб Арум. Можете да му кажете да заштеди на трошоци и да не се јавува, бидејќи немаме намера да работиме со него“, категоричен е Вајт.
Покрај се, Конор Мек Грегор продолжува со активниот одмор, очекувајќи го победникот од средбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.