Дана Вајт, големиот шеф на УФЦ, конечно го призна она што многумина веќе го мислеа.
Според Вајт, Џон Џонс повеќе не е најдобриот борец во светот. За време на прес-конференцијата по УФЦ 311 Вајт беше запрашан кој е неговиот бр. 1 рангиран борец. Долго време Дана збоируваше дека нема шанси некој да биде број 1 во ММА додека Џонс е активен. Сепак, Вајт се предомисли и призна дека Ислам Махачев е заслужено најдобар на светот.
По доминантната победа на Ислам Махачев над Ренато Моикано на УФЦ 311, Вајт рече:
„Ислам Махачев е заслужено најдобар во нашата ранг-листа. Признавам. Дали сте среќни? Дали сега сите се среќни“?
https://twitter.com/ufcontnt/status/1880862563103351282