Извршниот директор на УФЦ, Дaна Вајт, ќе има само две опции пред себе да го избере следниот противник на Ислам Махачев за титулата во лесна категорија. Тоа се Чарлс Оливеира и Џастин Гејџи.
„Видете, мораме да му оддадеме признание на Оливеира. Тој беше подготвен, но, за жал, доби повреда. Има смисла дека би бил тој, но сега ми поставуваш прашања на кои не можам да одговорам во моментов. Ајде да си одиме дома, да размислиме и се ќе одлучиме“, изјави првиот човек на федерацијата за време на неговата прес-конференција во Абу Даби за Ток спорт.
Потсетуваме, Александар Волкановски одговори со известување од 12 дена на предизвикот откако Чарлс Оливеира заработи многу тешка повреда на подготовките за реваншот против Ислам Махачев.
Од друга страна, Џастин Гејџи покажа огромна класа против Дастин Пориер летото за да го освои појасот БМФ. Сепак, тој ги пропушти претходните две можности за титула против Хабиб Нурмагомедов и самиот Оливеира. Ова го прави втор избор ако ја следиме логиката.