Претседателот на УФЦ, Дана Вајт излезе со свое видување за иднината на Хамзат Чимаев, откако борецот во полусредна категорија објави пензионирање.
„Кога дојде кај нас, лекарите се погрижија за него. Го ставија на преднизон, што е незгоден стероид. Во моментов го зема и се опоравува. Дури и денес тренираше, се чувствуваше лошо и беше супер емотивен кога го објави ова.
Воопшто не мораше да тренира, но знаете – тој е вистински дивјак. Сака да се бори секој викенд, а сега не може ни да тренира, па беше многу емотивен и го објави ова, но во реалноста нема да се откаже“, рече Вајт за ММА Џанки.
УФЦ трипати се обиде да ги организира борбите на Чимаев, но тој и неговиот противник добија коронавирус.
Последната битка пропадна бидејќи Чимаев по болеста сè уште не беше добар, додека УФЦ му подаде рака и го повика на лекување во Лас Вегас.
Вајт рече дека се надева дека ќе го види Чимаев во октагонот во јуни.