Дана Вајт сака само една борба за Конор Мек Грегор, а тоа е реваншот со Хабиб Нурмагомедов. Тие си ги одмерија силите во 2018 година во Лас Вегас, каде што Нурмагомедов му нанесе понижувачки пораз на Мек Грегор и кој сè уште не може да го преживее. Минатиот викенд „Озлогласениот“ се врати во ММА со нокаут победа над Доналд Цероне, забележувајќи ја првата победа по над 1100 дена.
Ирецот верува дека си ја вратил мотивацијата за борби и сака да добие нова шанса против непоразениот Дагестанец. Претседателот на УФЦ бара и борба која ќе заработи многу пари, бидејќи нивната прва средба стана најпродаваниот дуел во историјата на организацијата. Секогаш парите се најважни, а Дана нема стрпление да ги види sвездите во кафезот по втор пат.
„Беше неверојатна ноќ за Мек Грегор. Сè што се случи пред битката, начинот на кој се однесуваше Мек Грегор, како и рекламите на ЕСПН беа неповторливи и долго време не сме виделе такво нешто. Конор се претстави неверојатно и тоа беше голема вечер. Мек Грегор има многу опции, но го сака Хабиб. Конор ја сака таа борба и ќе видам што ќе се случува.
Го сакам и Хабиб, затоа што тоа момче има скорд 28-0 и никогаш не откажува борба. Тој е еден од најлошите момци кои се натпреварувале и притоа битката е важна за неговата историја. Ако Хабиб се пензионира непоразен, тогаш ќе ги гледате имињата со кои се борел. Имињата на противниците се сè и замислете си во неговата статистика победи над Тони Фергусон, Мек Грегор. Да, Хабиб е следен за Мек Грегор“, рече Вајт за ТМЗ.