Дана Вајт го отпиша Френсис Нгану засекогаш: Никогаш повеќе нема да се бори во УФЦ

Ќе мора да преговараат со други ММА организации.

На синоќешната прес-конференција во борбата за титулата во тешка категорија меѓу Џон Џонс и Сирил Гане, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, одговори на интересно прашање за евентуална повторна соработка со поранешниот шампион Френсис Нгану. Иако многумина можеби размислуваа дека еден ден ќе го видиме Нгану повторно да се бори за титулата, тоа нема да биде сценариото.

„Не. Преговаравме со него со години. Готово е, таа приказна е завршена“.

Неколку минути подоцна Дана Вајт сакаше уште посилно да го потврди тоа што го кажа пред малку, бидејќи се знае дека никогаш не вели никогаш и дека секогаш ја остава вратата барем малку отворена за какви било соработки.

„Точно, никогаш не велам никогаш, но овојпат навистина никогаш. Се обидовме“, заклучи конечно Вајт.

Во јануари оваа година, кога Дана Вајт ја објави борбата меѓу Џонс и Гане, тогаш исто така објави дека Френсис Нгану станал слободен агент и дека сите преговори со него пропаднале, со што ја прекина нивната соработка што траеше од 2016 година. Нгану моментално е во преговори за бокс меч против Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер. Тој нагласи дека враќањето во ММА се уште е дел од неговиот план, но се чини дека тоа нема да биде во рамките на УФЦ.

Многу организации би биле многу среќни да донесат борец како Френсис Нгану во своите редови. Од УФЦ си замина како шампион, за разлика од многу други кои си заминуваат по серијата порази. Организацијата на УФЦ веќе објави дека следен во редот за борба за појасот ќе биде Стипе Миочиќ, поранешниот шампион со хрватски корени, иако се уште ништо не е официјално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО