Дана Вајт не е воодушевена од победата што ја забележа Сирил Гене над Жаирзињо Розенструик. Тие се бореа во главната борба на вечерта во Лас Вегас.
Гане задваше брзи удари, а Розенструик не стори ништо. На крајот, по 25 минути, Гене победи со едногласна одлука. Тој остана непоразен во ММА и си ја зголеми серијата на 8-0 во кафезот.
Претседателот на УФЦ рече дека Гане имал шанса да блесне, но не ја искористи предноста. Тој ја спореди својата изведба против Розенструик со она што го покажа Нгану против Жаирзињо.
Вајт за медиумите го изјави следново за 30-годишниот Французин, за кого многумина сметаат дека е иден шампион:
„Сите зборуваат за тоа дека Гене е голем кандидат, но погледнете што направи Нгану против Розенструик. Тоа беше шанса за Сирил да блесне и да му покаже на светот кој е тој.
Тој победи, но нека остане само така. Гане победи“.
Гане за медиумите изјави дека го разбира незадоволството на Вајт, кој сака борците да бидат привлечни и да продаваат. Сирил откри дека се обидел да победи со нокаут, но не успеа.