Дана Вајт физички се пресметал со сопругата Ана на новогодишната ноќ (ВИДЕО)

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, ја дочека Новата година со сопругата во Мексико, каде е снимена нивната физичка пресметка.

Имено, во еден момент Дaјна и приоѓа на сопругата Ана, и кажува нешто и ја фаќа за рака, а таа потоа му удри шлаканица. Но, не застана тука, тој и врати.

Откако снимката се појави на ТМЗ, се огласи и првиот човек на УФЦ.

„Со сопругата ја поминавме новогодишната ноќ на излегување, а за жал тоа се случи. Јас сум еден од оние кои со години го осудуваат насилството врз жените, а сега, еве, зборувам за тоа. Во брак сме скоро 30 години. Се знаеме од 12 години. Заедно поминавме низ многу тешкотии“, изјави Дана Вајт и додаде:

„Имаме три деца и ова е една од ситуациите кои се страшни. Се срамам и повеќе сме загрижени за нашите деца во моментов. Семејството ни е најважно. Луѓето сега ќе мислат на секакви работи за тоа, а многумина ќе бидат во право. Особено во мојот случај. Никогаш не смеете да подигнете рака на жена. Јас и жена ми се сакаме, долго време сме заедно. Ова е само една од несреќните ситуации“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

Вајт призна дека и двајцата биле под дејство на алкохол таа вечер.

„Испивме многу алкохолни пијалоци, но нема оправдување. Ова ни се случува првпат и знам дека сега луѓето ќе кажат секакви работи. И што и да кажат, јас го заслужувам тоа. Не знам што доведе до тоа, но се извинивме еден на друг како и на нашите деца“, подвлече Дана Вајт.

А сопругата на Вајт се осврна на инцидентот на новогодишната ноќ:

„Јас и Дана сме во брак речиси 30 години и ова никогаш не ни се случило. За жал, и двајцата пиевме премногу и работите излегоа од контрола. Разговаравме и се извинивме еден на друг. Се надевам дека луѓето ќе ја почитуваат нашата приватност заради нашите деца“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON