Дана Вајт е волен да го пушти Каубојот да се бори со Мек Грегор

Претседателот на УФЦ Дана Вајт има желба да организира меч меѓу Конор Мек Грегор и ветеранот Доналд Цероне – Каубојот. За таа борба почна да се зборува уште во саботата вечерта. Каубојот кој го држи рекордот за најмногу победи во историјата на УФЦ и најмногу откажувања, упати директен предизвик до Ирецот. Неколку минути подоцна, Конор ја прифати фрлената ракавица со статус на социјалните мрежи.

„Тешко е да се каже дали Доналд Цероне е главниот кандидат за противник на Конор. Но, овој меч ќе биде многу интересен. Ќе видиме што ќе се случи. Конор е подготвен да се бори со секого. Тој е човек кој има желба да излезе против најдобриот боксер, а потоа да се бори со убиец како Хабиб Нурмагомедов. И сето тоа по две години пауза. Немам ништо против да се сретне со Кероне. Конор дури има желба да бори и против Хабиб во Русија“, изјави Дана Вајт.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON