Претседателот на UFC, Дана Вајт, изгледа дека почнува да се плаши од привлекувањето на поранешни УФЦ борци во конкурентската организација Белатор. Една од ѕвездите која се двоуми дали да се врати во ММА е Брок Леснар. Дана е уверен дека борачот нема да смени кампот.
„Брок Леснар нема да отиде во Белатор. Брок сака да се бори со најдобрите борци во светот. Најдобрите се во УФЦ“.
Леснар имаше неверојатно брза кариера како ММА борец, откако стана шампион, и тоа во четвртиот дуел. Потоа победи на две средби, но и веднаш загуби на два меча по ред.