Шефот на УФЦ, Дана Вајт, откри дека може Конор Мек Грегор да го направи акционер во организацијата.
Најпопуларното лице на ММА влезе во историјата како првиот борец кој ги поседува титулите во две различни категории. Според Вајт, Конор веќе нема да сака да се бори за УФЦ само за хонорар, откако доби 9-цифрен износ од мечот со Мејведер.
„Имам чувство дека ќе имаме таков разговор“, рече Вајт и додаде:
„Немам ништо напротив. Тој го заслужи тоа. Ние немаме направено таков преседан“.
Мек Грегор и Мејведер ќе се сретнат во раните утрински часови во недела.