Дана Вајт е оптимист: Ќе договорам меч на Хабиб и Конор во 2019 година

Дана Вајт повторно ги подгреа надежите на навивачите дека ќе успее да договори нова борба меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор во 2019 година. Инцидентите што се случија на нивниот меч придонесе за огромен раст на публицитетот на овој спорт, затоа со нетрпение се очекува нова борба меѓу Дагестанецот и Ирецот.

И двајцата борци ги очекува суспензија од Спортската комисија на Невада, но се очекува истата да биде подолга од шест месеци, по што ќе може да биде закажан нивниот дуел во вториот дел од 2019 година.

„Работиме за да дојде до нова битка меѓу Хабиб и Конор. Ако не дојде до компликации во последен момент, оваа борба треба да се случи во текот на годинава“, изјави Дана Вајт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON