Дана Вајт: Џон Џонс нема да ја премести борбата на Нгану со Миочиќ

Шампионот во полутешка категорија Џон Џонс е возбуден од борбата меѓу Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер. Миочиќ успеа да ја задржи титулата во тешка категорија, а „Коските“ ја проучува и е подготвен со стратегијата за меч меѓу нив. На социјалните медиуми Џон изјави дека наскоро ќе го симне од престолот Миочиќ, но Дана Вајт реши да му удри заушка.

Претседателот на УФЦ за медиумите изјави дека Френсис Нгану е следниот кој ќе се бори за титулата. Вајт беше категопричен дека „Предаторот“ заслужи реванш со Миочиќ и ова ќе биде следната борба на шампионот.

„Ова беше првото нешто што го слушнавме по подолго време од Џон Џонс. Френсис Нгану дефинитивно е следен кандидат за титулата. Нема шанси да го преместиме Френсис. Тој би се борел и би ги уништувал сите на неговиот пат. Се бореше за титулата, но тоа беше одамна и повторно се снајде во таква позиција. Оваа шанса му припаѓа на Нгану.

Сепак, би било интересно да се навлече Џонс во тешка категорија. Џонс или сака да се бори или не сака. Ако сака, тогаш ќе контактира со нас. Ако не сака, тогаш нема да нè бара“, рече Вајт.

https://www.instagram.com/p/CD9kBVml6_a/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CD9pohqDhlt/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON