Дана Вајт: Џон Џонс е најголем на сите времиња

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, смета дека поранешниот шампион во полутешка категорија Џон Џонс е најголем на сите времиња. Неодамна, „Коски“ ја ослободи титулата, бидејќи сака да пресели во тешка категорија. Џонс верува дека може да ја освои титулата во тешка категорија и дека има за цел борба против Стипе Миочиќ.

За жал на него, Вајт нема намера да му даде шанса за титулата, затоа што Френсис Нгану е во подем и ги има сите причини да бара реванш со шампионот. Во интервју за медиумите Дана го пофали Џонс, но сепак нема да му даде шанса за титулата пред Нгану.

„Џон Џонс ја ослободи титулата и веројатно сте ги виделе неговите објави на социјалните мрежи. Сега има интерес за деби во тешка категорија. Не знае против кого и каде. Мислам дека сега ќе се одмори и ќе ги направи работите што сака да ги направи надвор од кафезот. Ќе се бори со тешакшите кога ќе дојде време. Френсис Нгану заслужи шанса за титулата и тој ќе се бори против Миочиќ. Тогаш ќе видиме што ќе се случи.

Многу борци во тешка категорија имаат закажани битки. Да видиме кога ќе се врати Џобс и каква смисла има за него. Тој е долгогодишен шампион во полутешка категорија и мислам дека е најголемиот на сите времиња. Немам проблем да му дадам шанса за титулата, но во моментов не постои начин да го прескокнеме Нгану.

Секогаш велам дека Џонс е најголемиот на сите времиња. Погледнете ја неговата кариера. Тој е 26-1 или може да кажете 27-0 во ММА. Не беше поразен во кафезот. Се бореше со најдобрите во спортот. Џонс помина низ списокот со убијци и ги уништи. Тој е најголемиот на сите времиња“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON