Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, воопшто не е задоволен од Мераб Двалишвили.
Нема сомнеж дека „Машината“ заработи шанса за титулата на УФЦ. 32-годишниот Грузиец е во голема серија од девет победнички борби која вклучува победи над поранешните шампиони како Жозе Алдо и Петар Јан.
Двалишвили беше многу доминантен, покажувајќи се како најдобар бантамаш во светот. Историски, проблемот е неговото долгогодишно пријателство со Алџамејн Стерлинг.
О’Мели го нокаутира Стерлинг и ја освои титулата. Интересно е тоа што Мераб не сака шанса за појасот, туку инсистира Стерлинг веднаш да добие реванш. Вајт е бесен на Мераб и рече дека не е погоден за УФЦ.
„Сите во оваа соба и сите што го гледаат ова видео знаат како се чувствувам за оваа работа. Мразам такви работи. Зошто воопшто се зафати со овој спорт? Не сакате да се борите за титула затоа што сте пријатели со Стерлинг?
Не станува збор за пријателство. Не можеш да имаш таков менталитет и размислување. Тука сте за да дознаете кој е најдобар на светот. Ако не го сакате тоа, тогаш УФЦ не е местото за вас.
Мора да си на друго место. Има многу други места за борба каде што не им е грижа што правиш. Кај нас такви работи не функционираат“, изјави Вајт за Двалишвили.