Дана Вајт: Џон Џонс е најголемиот и извлече поуки од грешките

Многу луѓе го препознаваат Џон Џонс како најголем ММА борец во историјата. Сепак, неговите проблеми со забранети супстанци го прогонуваа со текот на годините и, според многумина, фрлија сенка врз тврдењата дека тој е најголем. Но, еден човек мисли дека не е важно, а „Коски/Боунс“, сепак останува најголем. Дана Вајт е голем обожавател на неговиот шампион и верува дека веќе ги научил лекциите од минатите грешки, затоа што е постар:

„Не станува збор за еден доминантен шампион. Ова е за најголем во историјата. Многу луѓе велат дека тој може да биде најдобар, но не постои сомнеж дека Џон Џонс е најголем. Тој е кошмар надвор и во кафезот. Она што го стори во кафезот и она што го правеше надвор беше лудо. Ова момче е род на природата. Тој е најдобриот и целосно феноменален. Убавата работа за него е што Џонс сега е постар и ги сфаќа грешките што ги направил.

Сега гледа како се затвора овој прозорец. Години си го кажуваат зборот. Ги зема работите многу сериозно и сака да си го врати неговото име. Многу сум среќен затоа што гледам колку е среќен. Не е важно што прави, бидејќи неговото наследство е веќе зацементирано. Џонс може да биде во потешка категорија, додека не помисли дека е време да се повлече. Се разбира, може да влезе и во тешка категорија. Сè е добро за него“.

Џонс се враќа следниот месец за да ја брани титулата на УФЦC 239 против Тијаго Сантос.

https://www.instagram.com/p/BzHRV_RFQTv/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON