Според шефот на УФЦ, Дана Вајт, Дерек Брансон (САД) го победил легендарниот Андерсон Силва – Спајдер (Бразил).
Тие се сретнаа во еден од најочекуваните мечеви на галавечерта на УФЦ 208. Шоуто се одржа во Њујорк. Бразилецот победи со едногласна одлука на судиите, иако средбата беше доста оспорувана.
„Според мене, победата беше за Брансон. Пред третата рунда мислев дека резултатот е 1-1 по рунди. Третата му ја давам на Брансон“, рече Вајт.
https://youtu.be/WDQvJq8wnUg
Американецот беше многу разочаран од одлуката. Според аналитичарите, судиите биле под влијние од легендарниот статус на Спајдерот, кој долги години беше шампион на организацијата во средна категорија.