Дана Вајт: Борбата меѓу Мек Грегор и Хабиб ќе направи два милиона ППГ преплати

Организаторите на Ултимејт фајтинг чемпионшип (UFC/УФЦ) имаат за цел да го соборат нивниот рекорд со натпреварите фајт картата на УФЦ 229, која ќе се одржи нешто подоцна годинава. Шефот на најголемата ММА организцаија  неодамна ги кажа своите очекувања за повеќе од 2 милиони плати-па-гледај преплати.

„Ќе биде одлично. Очекуваме да биде најголемата претстава. Сигурен сум дека ќе стигнеме до два милиона ППГ преплати“, изјави Вајт за новинарите.

УФЦ 229 е закажан за 6 октомври во Лас Вегас, Невада. Вечерта која со нетрпение се очекува, бидејќи се среќаваат  Конор Мек Грегор, суперѕвездата на боречките спортови и шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON