58-то издание на Mеѓународниот турнир во борење „Дан Колов – Никола Петров“ треба да се одржи на почетокот на ноември. Според најновото ажурирање на календарот на Светската федерација во борење, турнирот ќе се организира од 5 до 8 ноември во салата „Колодрума“ во Пловдив.
Од седиштето UWW/ ОСБ се оптимисти дека сепак ќе можат да го одржат турнирот кој првично беше планиран за почетокот на септември. Сепак, по избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, ситуацијата се промени и турнирот беше одложен двапати.
„Се надеваме дека ќе можат што повеќе спортисти од странство да дојдат. Се надевам дека нема да има нови застои и надлежните ќе дозволат одржување на „Дан Колов и Никола Петров“. Потоа ќе следат светските првенства за мажи и жени до 23 години во Тампере (23-29 ноември), како и за млади во Белград (4-10 декември).
Годината ќе заврши со Светското првенство за мажи и жени во Србија (12-20 декември) и затоа сега сите наши напори се насочени кон подготовка на нашите спортисти “, изјави претседателот на Бугарската федерација Христо Маринов.