Натпреварувачите на Дан кју го заокружија настапот на „Видовдан опен 2018“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина, со три златни и еден сребрен медал.
Златни медали освоија Катерина Ацевска, Дарко Стојановски, Јаким Колевски, а сребрен Зоран Колевски.
Јаким Колевски со четири победи дојде до златото, а Зоран Колевски, четири борби, три фул ипони, но губи во финалето со 3-2 и тоа во последните секунди.
Катерина Ацевска – две победи со фул ипони над борци од Босна и Херцеговина и Словенија. Дарко Стојановски до златниот медал доаѓа со победата против вечниот ривал Филип.
„Неверојатен успех на моите борци. Страв и трепет во своите категории. Длабок наклон“, напиша на ФБ тренерот Александар Ацевски!
Ipon.mk