Дан Харди сака борба со Ник Дијаз по правилата на Прајд во Ризин

Дан Харди е подготвен да се врати во ММА и повика на борба со Ник Дијаз. Дан не се борел скоро 9 години, но веќе долго време зборува за враќање во кафезот. Тој беше отпуштен од улогата на коментатор во УФЦ, а пред неколку дена ги повика да го ослободат од договорот како борец, за да се бори на друго место.

Се чини дека Дан можеби бил отпуштен како борец затоа што го предизвикал Ник Дијаз на социјалните мрежи. Дан го повика Дана Вајт да го ослободи Дијаз да потпише со РИЗИН и да се бори во борбаа од старата школа по правилата на Прајд.

„Ако чичко Дана не мисли дека Ник Дијаз сака да се бори, тогаш нека биде пуштен да се бори во Јапонија на Ризин. Тоа ќе биде старата школа во стил на Прајд. Тоа беа златните години на ММА“, напиша Харди.

Харди има учинок 25-10-1 во ММА и е во серија од две последователни победи. Во последната битка Дан го победи Садола со одлука на судиите на крајот на 2012 година. Дан 16 пати победи со завршница, а 5 пати загуби така.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON