Далибор Милановски: Собранието на Вардар е нерегуларно – немаше кворум, јас се уште сум претседател!

Далибор Милановски вели дека денешното собрание на БК Вардар не е валидно, бидејќи немало кворум, а е свикано по иницијатива на 30 отсто од членовите на Собранието кое брое 40 члена. Милановски истакнува дека тој е актуелен претседател, а тоа може да се провери во Централниот регистар.

„Од 40 делегати на Собранието присуствуваа само 8 членови или 20 отсто, така што не е исполнет основниот услов за одржување. Значи, тоа е нерегуларно. Контактирав со 35 членови и ми рекоа дека не знат оти денеска се одржува Собрание, поради тоа и не присуствуваат. Тие мислеле дека Чедо Николовски прави нов клуб“, вели Далибор Милановски кој истакнува дека и в.д. функцијата на Ацо Јорданов е нерегуларна, бидејќи тој е актуелен претседател.

„За доброто на Вардар, само барам фер и коректен однос. Деновиве дополнително ќе се произнесам во врска со настанатата ситуација“, потенцира Милановски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON