Далибор Богданов повторно извојува две победи за неговиот ЕСВ Минхен кој го дочека ТСГ Аугзбург. Но овој пат противниците му избегаа од мегдан.
„Јас донесов нови 8 поени за ЕСВ Минхен во категорија до 75 кг грчко-римски и во слободен стил. Но, за прв пат без противник. Најверојатно борачите на 75 кгод ТСГ Аугзбург се повредени или поради одредена причина не настапија овој викенд. Екипно загубивме несреќно, ЕСВ Минхен 27:28 ТСГ Аугзбург. Аугзбург досега нема забележано пораз, но вчера имаа малку повеќе среќа, бидејќи победија само со еден разлика“, ни рече Богданов.
Ipon.mk/В.Д.