Далибор Богданов го освои првото место на кик бокс фул контакт во Хамбург, Германија, во категоријата до 72 килограми.
Богданов до златото стигна со три ефектни победи. Првата ја доби за 40 секунди со ефектен нокаут, втората е убедлив на поени, а во финалето ја доби борбата со технички нокаут во првата рунда.
Додека неговата девојка Стефани Лапуер е поразена во финалето од противничка потешка 10 кг, затоа што настапи во категоријата до 75 кг, бидејќи во нејзината категорија до 68 кг немаше противничка.
Инаку, таа е светски вицешампион во семиконтакт.
Ipon.mk