Доктор Жан Митрев не само што е мајстор на својот„ занает“ со светски глас, тој е и голем приврзаник на боречеките спортови и често пати користи прилика преку својата болница „Филип Втори“ да ги помага клубовите и спортистите.
Трикраниот светски првак Димитар Геогиев е спонозриран од него, а „Филип Втори“ секогаш се грижи за неговото здравје, односно се спроведуваат сите неопходни тестови за поголем спортски развој.
Кик бокс клубот Гладијатор од Штип благодарејќи на д-р Жан Митрев е во постојана експанзија и од секој меѓународен натпревар се враќа со медали.
Сега нивниот мотив ќе биде уште поголем, бидејќи добија донација на врвна спортска оперма од Жан Митрев и „Филип Втори“, како ракавици, штитници, макивари, крушки и штитници за глава.
Од КБК Гладијатор не можат да најдат зборови како да му се заблагодарат на Жан Митрев за срдечната помош што ја добиваат од него и неговиот тим, но ветуваат дека тоа најдобро ќе го направат со освојување на медали од Европските и Светските првенства.
Ipon.mk/В.Д.