Боксерската репрезентација е подоготвена за 48. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, од 8 до 11 ноември во Скопје, тврди селекторот Петар Чурлиновски.
Тој вели дека подготовките успешно привршуваат во Штип и дека е задоволен од она што го сработиле нашите боксери, затоа верува дека тие достојно ќе го репрезентираат македонскиот бокс и ќе го дадат својот максимум.
На подготовските во Штип под раководство на Чурлиновски работеа и тренерите Владимир Цекиќ и Скендер Јахиу.
Полуфиналните борби се во петок од 17 до 20 часот, а финалните се во сабота од 12 часот во малата сала на Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонија на Златниот гонг ќе ја преставуваат:
-52 кг Џан Демиров
-60 кг Јасин Лама
-64 кг Денис Муаремовски
-64 кг Алим Насуфи
-69 кг Гоце Јанески
-69 кг Љулзим Исмаили
-75 кг Октај Фератов
-81 кг Арсим Етеми
Ipon.mk